/ Прочитано:

1.034

Конференција на тема „Член 10 од ЕКЧП-Слобода на изразување“

Петок, 31 мај 2013 – Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Британската амбасада во Скопје денеска организира конференција на тема „Член 10 од Европската конвенција за човекови права – Слобода на изразување“. Конференцијата ќе се одржи во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители со почеток во 10 часот. 

На конференцијата ќе биде разгледана примената на чл. 10 од Европската комисија за човекови права (ЕКЧП) низ судската пракса на Европскиот суд за човекови права поврзано со декриминализацијата на клеветата и навредата во националниот правен систем и досегашните искуства при постапувањето во случаите на граѓанска одговорност за клевета и навреда. Притоа ќе бидат изложени и клучните аспекти на домашната судска реформа во чии рамки се донесе и Законот за граѓанска одговорноста за награда и клевета.

На конференцијата ќе зборуваат судијата во Европскиот суд за човекови права, Мирјана Лазарова-Трајковска, судијата на Врховниот суд на Република Македонија, Лидија Тасева, и судијата на Основниот суд Скопје 2, Антоанета Димовска.