Конференција за напредокот во борбата против организираниот криминал и корупцијата
Конференција на тема „Напредокот во борбата против организираниот криминал и корупцијата во пресрет на извештајот на Европската комисија” ќе се одржи денеска во Скопје со цел да се иницира дискусија за напредокот во справувањето со организираниот криминал и корупцијата во пресрет на извештајот на ЕК за Република Северна Македонија.
На конференцијата е најавено да се обратат: министерката за правда, Рената Дескоска, Никола Бертолини, раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, обвинителката Вилма Русковска од Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупција, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, и првиот извршен директор на Асоцијацијата за демократски иницијативи АДИ, Алберт Муслиу.
Конференцијата е дел од проектот „Мониторинг и подобрување на капацитетите на институциите во справување со организиран криминал и корупција”, финансиран од Делегацијата на Европската Унија.