/ Прочитано:

930

Конференција за реформите на јавната администрација по јунскиот Европски совет

Денеска во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија и Евротинк – Центар за европски стратегии се одржа завршната конференција „Како понатаму? Реформите на јавната администрација по јунскиот Европски совет“.

Реформите во јавната администрација се за граѓаните и тие продолжуваат со поддршка на Европската Унија, рече на конференцијата министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Во своето обраќање тој се осврна на реализираните активности во изминатите две години, како и на мерките кои се во завршна фаза.

„МИОА работеше и на зајакнување на имплементацијата на Законот за општа управна постапка. Се воспостави Точка за информирање за ЗОУП, а на веб-страницата на МИОА е воспоставен посебен дел наменет за прашања кои произлегуваат од ЗОУП. Новиот Закон за инспекциски надзор веќе е усвоен во Собранието, а до крајот на годината ќе започне и примената. Со овој закон се воведува опомена пред казната и се намалува висината на глобите, што претставува финансиско олеснувања за субјектите на надзор. Ова значи и нов концепт на инспекциски надзор преку планирање врз основа на процена на ризик  и унифицирано вршење на инспекцискиот надзор, со што ќе се постигне поголема правна сигурност за субјектите на надзор“, информираше министерот Манчевски.

Во однос на тоа на што во моментов е фокусирано МИОА, министерот Манчевски ги подвлече измените на Законот за административни службеници и на Законот за вработените во јавниот сектор. Како што истакна тој, целта на измените е поедноставување на постапката за селекција и вработување, овозможување на побрзо напредување во кариерата, како и намалување на притисокот врз вработените.

„Во моментов во завршна фаза е и новиот Закон за висока раководна служба. Со овој закон за првпат ќе се воспостави уедначена процедура за селекција и назначување на раководните позиции, темелена врз начелата на заслуги, еднаков пристап до работно место под еднакви услови, соодветна и правична застапеност и родова еднаквост.

Кандидатите ќе се избираат преку индивидуализирани процедури од страна на Комисијата за висока раководна служба.

Високиот раководител ќе биде со јасно определен статус и со мандат, со законски утврдени обврски, предвидени се задолжителни обуки за стручно усовршување и развој, а ќе се врши и управување со учинокот преку проверка на остварените резултати“, рече министерот Манчевски.

„Самиот наслов на оваа конференција е малку провокативен, но на некој начин и поразителен затоа што нашите внатрешни работи не треба да зависат само од поттикот што ни се дава однадвор. Од нас треба да зависи дали ние ќе ја средиме јавната администрација или не. Мислам дека најголема работа што е направена е усвојувањето на Стратегијата за реформата на јавната администрација, која важи четири години. Една година помина, помина времето на консолидација, сега треба да дојде времето на резултати“, истакна Љупчо Петковски, извршен директор на Евротинк – Центар за европски стратегии, додавајќи дека новинарите, граѓанските организации и државните чинители треба да прават притисок врз Владата и да видат како ќе се остварува Стратегијата зашто во крајна линија најважно е граѓаните да почувствуваат некаква корист.

„Реформите се долга и напорна работа, но ние, се разбира, ќе бидеме фокусирани на објективните критериуми и фактори. Франција во минатото, во моментот, но и во иднина ќе продолжи да работи на овие реформи, како што се македонските реформи“, истакна францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние.

Во подготовка измени на законите за административните службеници и за вработените во јавниот сектор

Институтот за европска политика: Препораката неспорна, датумот неизвесен

Коментари за Извештајот на Европската комисија во однос на правосудството, економијата и социјалната политика

Европската комисија препорача започнување на преговорите

Заклучоци од конференцијата „Поглавјето 23: македонското сидро или едро“

Коментар на ЕПИ за заклучоците на Советот на ЕУ: Најава за почеток на еден долг пат

Извештајот на Европската комисија  за независноста, стручноста и квалитетот на правдата во правосудството

Коментари по повод Извештајот на Европската комисија за Република Македонија

Компаративна анализа на извештаите на Европската комисија – „Датум за реформи“

Заклучоци во врска со Извештајот за Стратегијата за реформа на јавната администрација

Презентиран Годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022

Презентација на Извештајот за Стратегијата за реформа на јавната администрација

Граѓаните се жалат на долгото траење на процедурите во администрацијата

Измените на Законот за вработените во јавниот сектор пред Законодавно-правната комисија

Консултативен процес на МИОА за измените на законите за вработените во јавниот сектор и за административните службеници

Јавна расправа за измените на законите за вработените во јавниот сектор и за административните службеници

Годишен извештај и препораки на Агенцијата за администрација

Јавна расправа за Законот за висока раководна служба

М.В