/ Прочитано:

860

Kонференција за современите предизвици во јавната администрација

Центарот за државни служби во Астана и Министерството за информатичко општество и администрација ја организираат конференцијата „Современите предизвици во јавната администрација и улогата на партнерството за постигнување решенија“, која се одржува во Скопје.

Конференцијата официјално ја отворија министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, Аликхан Баименов, претседавач со Астана, министерот за администрација на Србија, Бранко Ружиќ, министерот за администрација на Косово, Махир Јагчилар, државниот секретар на МИОА, Јахи Јахија, претседателката на РеСПА, Ратка Секулиќ и Мирослава Боричка, претставник на СИГМА.

Министерот Манчевски се осврна на заложбите на МИОА во делот на реформата на јавната администрација и спроведување на Стратегијата и акцискиот план.

Државниот секретар Јахија зборуваше за важноста на соработката со земјите од регионот, но и соработката со државите членки на Астана. Тој ја поздрави соработката со  Европската Унија и со СИГМА како клучен партнер во сите процеси што ги спроведува МИОА.

Конференцијата има цел да ја истакне улогата на партнерството за надминување на современите предизвици преку презентирање на практиките на земјите, како и соработката за унапредување на државните служби и научените лекции.

М.В