/ Прочитано:

837

Конференција за зајакнување на капацитетите на Државниот завод за ревизија за вршење надворешна ревизија

Во организација на Државниот завод за ревизија денеска ќе се одржи конференција за затворање на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на Државниот завод за ревизија за вршење на надворешна ревизија“, финансиран од ЕУ, на која ќе се претстават проектните резултати, научените лекции и идните предизвици.

Проектот, како што информираат од ДЗР, е со вкупен буџет од 1.400.000 евра и се спроведувал со поддршка од Националниот завод за ревизија на Република Бугарија и Државниот завод за ревизија на Република Хрватска, како помлад партнер.

„Целта на проектот беше понатамошно подобрување на капацитетите и ефикасноста на Државниот завод за ревизија за вршење на ревизија. Проектот се спроведуваше преку четири компоненти: понатамошно зајакнување на ревизорскиот процес согласно меѓународните ревизорски стандарди, јакнење на ревизорските капацитети, добра соработка со Парламентот, подобрување на системите за ИТ-комуникација и за управување со човечки ресурси“, појаснуваат од ДЗР.