/ Прочитано:

2.634

Конфискацијата на имот и нелегално стекната имотна корист е есенцијално правно начело во објективното спроведување на законите

Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) денеска организираше расправа за политика на тема „Конфискација на имот и нелегално стекната имотна корист“. Расправата се организираше во рамките на проектот Мрежа 23+, кој е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од амбасадата на Кралството Норвешка во Белград. Проектот го спроведуваат Институтот за европска политика и Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ.

Во своето воведно обраќање Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика, посочи дека расправата има цел да спроведе структурирана дебата за можностите за унапредување на соработката на институциите и на целокупниот систем со цел успешно спроведување на мерката конфискација.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, истакна дека легализмот не може да биде половичен, ниту пак остварлив, доколку не ги содржи сите потребни инструменти или механизми кои ќе водат до целосна правна сатисфакција. Истовремено, легализмот, како вредносен принцип на општественото поведение и функционирање, нема да биде воопшто возможен доколку изостанува волја, јасна, недвосмислено изразена, од сите оние задолжени за спроведување на законите.
На настанот беше истакнато дека конфискацијата на имот и нелегално стекната имотна корист практично претставува едно од есенцијалните правни начела за реално и објективно спроведување на законите.

Според Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешнал – Македонија“, во врска со конфискацијата на имот и нелегално стекната имотна корист, клучно е прашањето за слабоста на институциите, додека според проф. д-р Лазар Нанев, потребна е и допрофесионализација на кадрите во судството и обвинителството.

На денешниот настан говореа и адвокатот Драган Малиновски,  Даница Џонова, в.д. директор на Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП и проф. д-р Бобан Мисоски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

М.В