/ Прочитано:

2.635

Конкурс за именување нотари

Конкурс за именување нотари

Министерството за правда објавува конкурс за именување нотари. Врз основа на членот 11 од Законот за нотаријатот и членот 2 од Правилникот за бројот и распоредот на службените седишта и службените подрачја за кои се именуваат нотарите, Министерството за правда го распишува триесет и осмиот конкурс за именување на нотари за следните нотарски седишта:

–       две  нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Битола;

–       едно  нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд  во  Виница;

–       три  нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Кавадарци;

–       три  нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Куманово;

–       едно  нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Прилеп;

–       едно  нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Свети Николе;

–       две  нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Струмица;

–       едно  нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Велес;

–       едно  нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Крушево;

–       едно  нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Тетово;

–       едно  нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Гостивар;

–       едно  нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Дебар;

–       едно  нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Кичево  и

–       две нотарски места со службено седиште на подрачјето на основните судови на градот Скопје.

Конкурсот на веб-страницата на Министерството е објавен на 8 ноември, а рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена, сметано од денот на неговото службено објавување. Деталите за огласот на следниот линк.