/ Прочитано:

2.233

Конституиран Советот за координирање на ИКТ во правосудството

Во Министерството за правда се одржа конститутивна седница на Советот за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи (Совет за ИКТ).

Во согласност со членот 87-а од Законот за судовите и Правилникот за состав и начин на работа на Советот за координирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудните органи, Советот за ИКТ го сочинуваат следните членови:

  • Митко Митревски, генерален секретар на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија;
  • Ирена Димовска, информатичар, Јавно обвинителство на Република Северна Македонија;
  • Весна Бојаџиевска, раководител на служба за информатика, Врховен суд на Република Северна Македонија;
  • Билјана Сековска Манева, виш судски соработник, Врховен суд на Република Северна Македонија;
  • Аспарух Мисајловски, генерален секретар на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија;
  • Анита Андоновска, генерален секретар на Судскиот совет на Република Северна Македонија и
  • Маја Хаџи-Кимова Трпкова, раководител на Одделението за информациско-комуникациски технологии, Судски буџетски совет.

„Советот за ИКТ има цел дефинирање и имплементирање на политиките за информатичко-комуникациска технологија во правосудството, како и следење, спроведување и ревизија на Стратегијата за ИКТ  во правосудството“, соопштуваат од Министерството за правда.

На конститутивната седница едногласно се избрани Митко Митревски за претседател на Советот за ИКТ и Весна Бојаџиевска за заменик-претседател на Советот за ИКТ.

М.В