/ Прочитано:

1.006

Конституирање на Националното координативно тело за примена на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост

Во Владата на РМ денеска ќе се одржи конститутивна седница на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост во Република Македонија.

На седницата, како што информира владината прес-служба, ќе биде презентирана целта на Националното координативно тело, ќе бидат претставени составот и членовите на телото и ќе се отвори расправа во врска со оваа тема.