/ Прочитано:

1.341

Конститутивна седница на Советодавното тело за судиска етика на Здружението на судиите на РМ

Здружението на судиите на РМ ја одржа конститутивната седница на Советодавното тело за судиска етика. Со седницата претседаваше претседателот д-р Џемали Саити, кој по функција е претседател на Советодавното тело.

Членовите на Советодавното тело ги избира Управниот одбор на ЗСРМ, од редот на членовите на Здружението, а по предлог на подружниците.Советодавното тело се грижи за доследна примена на принципите на Кодексот за судиска етика, и по барање на судиите или на Здружението, искажува советодавни мислења на судиите во однос на прашања поврзани со етичкото однесување, односно соодветно извршување на судиските должности и избегнување на судирот на интереси на судиите во приватниот живот и во вршењето на судиската функција.

Овозможувањето услови и механизми за функционирање на Телото се примарни компоненти на МАТРА-програмата, која Здружението ја имплементира во соработка и со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија.

М.В