/ Прочитано:

11.067

Контакт-телефони на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје за помош на лица или семејства во ризик

Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје апелира до граѓаните да контактираат со Центарот секогаш кога ќе добијат информација дека му е потребна помош и поддршка на некое лице или на семејство во ризик.

Со пријавувањето на овие случаи, истакнуваат од Меѓуопштинскиот центар, граѓаните можат заеднички со институциите ефикасно да дејствуваат при обезбедувањето помош, но и да спречат евентуални злоупотреби.

Пријавите ги разгледува специјализиран тим формиран минатата година. Тимот постапува по итни предмети од ранливи категории на корисници на права и услуги во надлежност на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје. Специјализираниот тим е во функција 24/7, односно е задолжен за вршење итни увиди во кое било време на денот и во текот на викендите.

Тимот постапува по примен повик на дежурните телефонски броеви:

078 230 943

076 381 762