/ Прочитано:

1.455

Корисни информации за поднесувањето на документите за прием во почетна обука во Академијата

„Сите кандидати кои се заинтересирани за објавениот јавен оглас за прием во почетна обука, а со цел олеснување на подготовката и поднесувањето на документите, ги известуваме за следното:

За докажување на работното искуство на правни работи по положен правосуден испит потребно е да се достави доказ од АВРМ или од ПИОМ. Освен тоа за докажување на искуство во работата на правни работи потребно е да се достави и потврда од работодавачот за работа на правни работи.

Во поглед на лекарското уверение, тоа треба да биде издадено од д-р специјалист по медицина на трудот.

Во однос на сертификатите/потврдите за работа со компјутери се прифаќаат сите сертификати, односно потврди.

Кандидатите кои имаат завршено по ЕКТС-програмата потребно е да ги достават двете уверенија – уверението од I циклус – додипломски студии и уверението од II циклус – магистерски студии“, се вели во соопштението на Академијата.

Јавен оглас за прием во почeтна обукa во Академијaта зa судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ 

М.В