/ Прочитано:

796

Косовски ексминистер за здравство осомничен за трговија со органи

Вторник, 7 мај 2013 – Ексминистер за здравство на Косово и поранешен советник на премиерот за здравствената политика, се меѓу осумте нови осомничени, кои се под истрага од Еулекс во врска со трговијата со човечки органи.

Откако петмина косовски лекари добија казни под обвинение дека вршеле незаконски трансплантации во клиниката „Медикус“ во Приштина, мисијата ЕУЛЕКС соопшти дека уште 8 луѓе се под истрага за организирање на криминална група, трговија со органи, тепање и предизвикување на телесни повреди, злоупотреба на службената положба и измама, јави весникот „Коха Диторе“ .

Нивните имиња не се соопштуваат, но според анонимен извор од обвинителството, еден од нив е поранешниот министер за здравство Алуш Гаши и поранешниот советник за здравствената политика на косовскиот премиер Шаип Мујо.