Косовскиот Парламент ќе одлучува за формирање на домашен Суд за воени злосторства
Четврток, 6 јуни 2013 – Пред косовскиот Парламент многу брзо ќе се најде предлогот на Демократската партија на Косово (ПДК) за формирање на домашен суд кој ќе суди за воени злосторства направени во Косово. Неколку партии дека формирањето на таквиот Трибунал е неопходен бидејќи следната година престанува мандатот на ЕУЛЕКС.
Пратеникот на ПДК, Куртан Кајтазие изјави дека формирањето на таквиот Трибунал е неопходен бидејќи следната година престанува мандатот на ЕУЛЕКС. Неговиот предлог е поддржан и од другите парламентарни партии.
Независниот пратеник, Емин Грбеши покрена иницијатива за расправа на која ќе се бара усвојување на резолуција за укинување на извршниот мандат на ЕУЛЕКС. Тој го повлече предлогот по иницијатива на ПДК за создавање на Суд за воени злосторства.
Иницијативите за повторно разгледување на мандатот на ЕУЛЕКС станаа актуелни по последното апсење на поранешните команданти на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК) под обвинение за извршени кривични дела.