Крај за хашкиот предмет на Харадинај, немало жалба
Среда, 9 јануари 2013 – Ослободителната пресуда на Хашкиот трибунал за поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Рамуш Харадинај, е конечна, а предметот е заклучен бидејќи на оваа пресуда немало жалба, соопшти денеска Трибуналот.
Портпаролот на Хашкиот трибунал, Магдалена Спаљинска денеска соопшти дека во предметот против Харадинај и припадниците на ОВК, Идриз Балај и Лахи Брахимај, не е поднесена жалба на ослободителната пресуда па затоа истата станала конечна, а предметот е прогласен за завршен.
Харадинај, Балај и Брахимај во ноември минатата година, на крајот на повтореното судење, беа ослободени од вина за злосторства врз српски, албански и ромски цивили сторени во логорот на ОВК во Јабланица во 1998 година.
>> (ВИДЕО) ПРЕСУДА: По вторпат, Хашкиот трибунал го ослободи Рамуш Харадинај