/ Прочитано:

1.863

Кратење на средствата за pro bono предмети – реален проблем со кој се соочуваат австралиските граѓани

Федералната влада на Австралија донела одлука во јули минатата година да ги скрати средствата за центрите за бесплатна правна помош, а размислувала дури и за можноста целосно да ги укине. Фиона Меклеод, претседателката на Националниот совет на Австралија, во чија надлежност е и правната заштита за ранливите категории граѓани, на конференција одржана во градот Аделаид, изјави дека овој драстичен чекор може да предизвика катастрофални последици. Најавеното кратење на средствата ќе изнесува околу 35 милиони долари за периодот 2017-2020 година, што претставува 30% помалку средства за работа.

Општествените центри за бесплатна правна помош во Австралија ќе бидат принудени да одбијат околу 36 000 граѓани на кои им е потребен правен совет или правна помош, а кои не можат да си дозволат да ангажираат адвокат за своите предмети или правни проблеми со кои се соочуваат.

Федералната влада донела одлука во јули минатата година да ги скрати средствата за овие центри, а размислувала дури и за можноста да ги укине. Фиона Меклеод, претседателката на Националниот совет на Австралија, во чија надлежност е и правната заштита за ранливите категории граѓани, на конференција одржана во градот Аделаид, изјави дека овој драстичен чекор може да предизвика катастрофални последици. Најавеното кратење на средствата ќе изнесува околу 35 милиони долари за периодот 2017-2020 година, што претставува 30% помалку средства за работа.

Адвокатите и правниците кои придонесуваат за заедницата преку давање бесплатна правна помош сѐ уште се ангажираат за помош на луѓето на кои тоа им е потребно. Тие се особено горди на тоа, особено поради фактот дека годишно поминуваат по 100 000 часови за pro bono случаи.

Меклеод, била поддржана од група граѓани кои ги користат тие услуги, а се жртви на семејно насилство. Тие го осудиле ова кратење на средствата со забелешка дека доколку останат без ангажманот на адвокатите, повторно ќе се соочат со тешки предизвици и проблеми во своите животи, особено кога се работи за жени жртви на семејно насилство.

Рене Кар, од групата за поддршка на жените жртви на семејно насилство „Фер агенда“, за „Гардијан“ изјавила дека пристапот до правна помош е од витално значење за граѓаните. Одлуката за намалување на средствата на центрите за бесплатна правна помош ќе доведе до тоа голем дел од жените да се соочат со голем број опасности, а во опасност се доведуваат и нивните деца.

С. М.