/ Прочитано:

1.949

Креирањето добар онлајн профил на вашата адвокатска канцеларија ќе привлече повеќе клиенти

Покрај преку веб-страница за адвокатската канцеларија, како начин на кој сè повеќе адвокатски фирми од Македонија го презентираат својот бизнис, постојат и неколку онлајн пребарувачи кои нудат основни информации за лиценцираните адвокати од земјава. Такви пребарувачи се: Именикот на адвокати на Адвокатската комора на Република Македонија, потоа: Јустиција, Златна книга, Најди адвокат, АБВ на македонското стопанство и други пребарувачи, на кои можете да најдете основни податоци за адвокатите и за нивните адвокатски канцеларии, адреса и број или во која област работат.

Илустрација, онлајн профил

Бидејќи се соединуваат онлајн и офлајн световите, станува многу важно адвокатите да ги одржуваат и да ги заштитат своите онлајн профили. Клиентот, кога сака да најде адвокат, најчесто ги користи својот таблет, телефон или компјутер и најчесто на интернет бара адвокат за работата која треба да му биде завршена. Затоа, многу е важно вашиот онлајн профил да биде добро среден и лесно препознатлив со цел клиентите да добијат што повеќе информации за вас и за вашата канцеларија при пребарувањето. Веб-страницата специјализирана за адвокати www.abovethelaw.com дава неколку корисни совети.

Зошто се важни онлајн профилите?

Кога размислувате за онлајн профили, треба да си ги замислите како илјадници визит-карти кои пловат во универзумот, каде што секој може да ги дофати и да научи повеќе за вас и за вашата правна пракса. Сепак, визит-картите се нецелосни и дури понекогаш содржат и погрешни информации, како: стара адреса на канцеларијата, погрешен телефонски број и слично, што автоматски значи дека потенцијалниот клиент нема да ве најде за да ги искористи вашите услуги. Токму затоа многу е важно онлајн профилот за вашата канцеларија да ги содржи сите точни информации поврзани со вашата локација или како клиентите можат да остварат контакт со вас,   и тие податоци да се обновуваат при секоја промена. Постојат повеќе причини зошто онлајн профилите се важни:

Пребарувањето е различно: Како можат да ве најдат луѓето онлајн зависи од нив и од нивното знаење за тоа како да пребаруваат на интернет. Има многу алатки за пребарување кои функционираат на различен начин и затоа некои онлајн профили можат да бидат видливи при првото пребарување, додека други се скриени некаде на 50-та страница.

Препознајте ги заканите: Интернетот е одлична алатка, но исто така може да биде и место за луѓе кои немаат најдобри намери. Незаштитените онлајн профили можат да бидат искористени од крадци на податоци, кои можат да намамат клиенти и да ги злоупотребат нивните пари.

Континуиран маркетинг: Најверојатно знаете дека вашиот онлајн профил се појавува на различни пребарувачи, дури и доколку вие не сте го објавиле таму. Преку воспоставување континуиран  маркетинг за вашиот бизнис можете да создадете добар онлајн профил кој целосно ќе го отсликува вашиот заштитен знак и она што сакате да го презентирате како ваша работа. Исто така можете да отворите простор на вашиот онлајн профил каде што вашите клиенти ќе можат да ја оценат вашата работа. Ваквиот маркетинг може да биде поволен за вашата адвокатска канцеларија на долг рок.

Онлајн профили само за адвокати: Постојат голем број онлајн профили кои можат да бидат од корист за секој вид бизнис, но најдобро е да ги користите сајтовите кои се специјализирани само за адвокати или за одредена правна област, кои ќе му овозможат на клиентот подобро да се одлучи каде ќе побара помош.

Покрај преку веб-страница за адвокатската канцеларија како начин на кој сè повеќе адвокатски фирми од Македонија го презентираат својот бизнис, постојат и неколку онлајн пребарувачи кои нудат основни информации за лиценцираните адвокати од земјава. Такви пребарувачи се: Именикот на адвокати на Адвокатската комора на Република Македонија, потоа Јустиција, Златна книга, Најди адвокат, АБВ на македонското стопанство и други пребарувачи, на кои можете да најдете основни податоци за адвокатите и за нивните адвокатски канцеларии, адреса и број или во која област работат.