/ Прочитано:

1.103

Кристин Лагард сослушана пред судот во Париз за финансиска афера

Четврток, 23 мај 2013 – Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард денеска е сослушана во судот во Париз. Лагард ја бранеше својата одлука од 2007 да употреби приватна и скапа арбитража за решение за спорот со Бернард Тапи околу продажбата на „Адидас“, во времето кога таа беше министер за финансии на Франција.

Сведочењето на Лагард пред Судот на правдата може да трае до утре бидејќи таа се соочува со можно покренување обвинение за „соучество во фалсификување и проневера на јавни фондови“, пишува француски „Експрес“.

Таа е обвинета дека имала финансиска корист од исплатата, а самата Лагард демантираше дека направила „нешто лошо во иницирање на арбитражната постапка за обештетување на Тапи“.

Тапи ја тужеше француската банка „Кредит Лионес“ делумно во државна сопственост бидејќи во 1993 и 1994 година без негово знаење, фирмата „Адидас“ е продадена на Роберт Лој-Драјфус.