/ Прочитано:

1.227

КРИВИЧЕН СОВЕТ: Одбиени се жалбите на СЈО за полициските службеници осомничени во предметот „Тортура“

„Кривичниот совет, постапувајќи по жалби на СЈО изјавени против решенијата на судија на претходна постапка од 14.7.2016 за предметот познат како ‘Тортура’, по одржана седница, донесе решенија со кои жалбите на Обвинителството ги одби како неосновани. Со донесените решенија, Советот ги потврди одлуките на судијата на претходна постапка со кои беше одбиен предлогот на СЈО за определување мерка за претпазливост – забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело против 6 лица“, се наведува во соопштението на Судот.

Основен суд Скопје 1 Скопје

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги одбил жалбите на Специјалното јавно обвинителство поднесени по одлуката на судијата на претходна постапка да не определи мерки за претпазливост за полициските службеници осомничени во предметот „Тортура“.

„Кривичниот совет, постапувајќи по жалби на СЈО изјавени против решенијата на судија на претходна постапка од 14.7.2016 за предметот познат како ‘Тортура’, по одржана седница, донесе решенија со кои жалбите на Обвинителството ги одби како неосновани. Со донесените решенија, Советот ги потврди одлуките на судијата на претходна постапка со кои беше одбиен предлогот на СЈО за определување мерка за претпазливост – забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело против 6 лица“, се наведува во соопштението на Судот.

Во решението на Кривичниот совет кое се однесува на првоосомничениот, Ивица Анчевски, командант на единицата Алфи, е наведено дека СЈО не доставило доволно докази.

„Наводите во жалбата дека полицискиот службеник е најсензитивниот и најблискиот дел на постапувањето на службените лица во ограничувањето на слободите и правата на човекот и граѓанинот и поради таа причина и само поради таа причина е неопходно судот веднаш да изрече ваква мерка како гарант на слободите на човекот и граѓанинот од идни незаконски постапувања на конкретното лице, за овој совет би биле прифатливи доколку во конкретниот случај судот утврдил дека определено лице како обвинет сторило кривично дело и од таа причина е неопходно да се оддалечи од работното место за да се превенираат идни незаконити постапувања. Како во конкретниот случај се одлучува по предлог за определување мерка на претпазливост, којшто не е поткрепен со ниту еден доказ во поглед на наводите во истиот, а во ситуација кога не е ни поднесено обвинение, туку само е донесена наредба за спроведување на истрага, чиј исход сè уште е неизвесен, неопходно е предлогот за определување на ваквата мерка да содржи доволно докази за постоење на особени околности кои го оправдуваат изрекувањето на мерката“, стои во образложението на решението на Кривичниот совет.

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите како причина за определување на предложената мерка наведува дека постои страв од повторување на кривичното дело, па во таа смисла ја предлага мерката забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело како мерка за превенција од кривични дела да биде определена спрема осомничените за спречување на повторување на нивното поведение, а со цел да се спречат натамошни кривични дела и да се заштитат потенцијалните жртви од исти вакви дела, кои осомничените во рамките на нивните работни задачи може да ги извршат, се наведува во жалбата на СЈО упатена до Судот.

Осомничените И. А., Н. С., П. М., М. Ш., Ф. А и Ј. Б. се товарат дека сториле кривично дело од членот 142 став 1 од Кривичниот законик, односно дека во вршењето на службата при лишувањето од слобода на Љубе Бошковски му предизвикале душевно страдање.