/ Прочитано:

1.240

КРИВИЧЕН СУД: Доказите што ги бара СЈО се класифицирани информации

„Се работи за списи и електронски докази кои се сочинети од разни државни органи кои ги класифицирале како ‘државна тајна’, па Судот во никој случај не би можел да издава копии или преписи на овие класифицирани докази, особено без изречна дозвола и без одобрение од државните органите кои ги издале, бидејќи тоа нема да бидат веродостојни копии во согласност со законот и други прописи, а Судот не е оригинерен издавач на истите докази и списи“.

????????????????????????????????????

Кривичниот суд во Скопје не му дава копии од списите и од електронските докази на Специјалното јавно обвинителство бидејќи на тој начин би направил директна повреда на обврската за чување класифицирани информации, со оглед на фактот дека од надлежниот орган не е укината таквата обврска, а барањето на Обвинителството и решението на судијата се засноваат на членот 81 од ЗКП.

Поради тоа, судијката Љубинка Башевска донела решение со кое се одбива предлогот на СЈО за добивање копии од списите, велат од Кривичниот суд во Скопје.

Како што информираат од Судот, Специјалното јавно обвинителство во текот на февруари трипати се обратило до Судот со истото барање и со истото образложение за доставување копии од списите и од листата на електронски докази за „Пуч“, кое било одбиено од судијката.

Во образложението на одлуката се наведува:

„Ценејќи дека Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ја презело надлежноста врз конкретниот предмет , при што наведените списи и електронски докази не им биле доставени од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Судот утврди дека постојат законски пречки за доставување на копии од наведените списи и електронски докази бидејќи во случајов се работи за докази класифицирани најнапред како ‘државна тајна’, а потоа со декласификација се набележани со напомената ‘службена тајна’. Од друга страна, се работи за списи и електронски докази кои се сочинети од разни државни органи кои ги класифицирале како ‘државна тајна’, па Судот во никој случај не би можел да издава копии или преписи на овие класифицирани докази, особено без изречна дозвола и без одобрение од државните органите кои ги издале, бидејќи тоа нема да бидат веродостојни копии во согласност со законот и други прописи, а Судот не е оригинерен издавач на истите докази и списи. Дополнително,Судот го извести посоченото Обвинителство дека сите овие докази веќе се наоѓале во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, кој е подносител на обвинителниот акт за конкретниот предмет и истите требале да обезбедат примероци од сите овие докази, а доколку не го сторилетоа, воопшто не е пропуст на Судот, уште повеќе што предметот се наоѓа во фаза на главна расправа. Исто така Обвинителството, како странка во постапката, во согласност со членот 81 од ЗКП, може да побара копии од бараните списи и електронски докази од органот што ги издава и што ги сочинува наведените докази, но Судот во никој случај неможе да се впушти во постапка со која би ја прекршил обврската за чување на класифицирани податоци со форма и содржина како што тоа го бара ова Обвинителство“, се наведува во соопштението од Судот.

Дополнително, со оглед на тоа дека овие докази веќе се составен дел на списите на предметот „Пуч“, Судот веќе му укажа на Обвинителството дека, доколку смета, нема пречка во кое биловреме да ги повлекува и да располага со доказите на начин утврден со закон и во рамките на нивните законски овластувања да предлага и да повлекува докази, велат од Судот

Специјалното јавно обвинителство најави дека ќе побара одложување на процесот „Пуч“, кој е закажан за утре. Образложението за одложувањетого најавија за утреод СЈО.

„Пуч“ ќе се одложува, на специјалните јавни обвинители не им е овозможен соодветен увид во доказите