/ Прочитано:

2.802

КРИВИЧЕН СУД: Мерка за претпазливост за Исмет Гури

Како што информираа од Судот, се одбива предлогот за определување мерка притвор и му се определува Мерка за претпазливост од член 146 ст. ст.1 т. 6 од Законот за кривична постапка, односно Забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.

ismet

Исмет Гури, поранешниот член на Општинската изборна комисија на Чаир, осомничен за кривичното дело „изборна измама“, си замина од Судот заедно со својот адвокат. На одење, накратко изјави дека е задоволен од одлуката на Судот и дека истражните органи ќе го имаат последниот збор.

Гури е опфатен во предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство и е осомничен за изборни нерегуларности во изборната 2013 година.

Од Основниот суд Скопје 1 информираат дека по сослушувањето на Гури во присуство на полномошник, судија на претходна постапка од одделот за Кривично полнолетни донесена е одлука со која се одбива предлогот за определување мерка притвор и му се определува Мерка за претпазливост од член 146 ст. ст.1 т. 6 од Законот за кривична постапка, односно Забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.

„Лицето против кое е определен мерката како и обвинителството кое ја преддложи мерката, имаат рок за жалба до овој суд во рок од 24 часа“, се наведува во соопштението на судот.

Специјалното јавно обвинителство во петокот соопшти дека е отворена истрага против членови на Општинската изборна комисија во Чаир затоа што постои основано сомнение дека сториле кривично дело „изборна измама“.

„Со оглед дека во записниците од извршеното гласање за градоначалник на Општина Чаир во 2013 година извршиле преправање на резултатите и против едно лице од Комисијата исто така е поднесен предлог за определување на мерка притвор поради опасност од влијание врз сведоците и соучесниците“, стоеше во предлогот на СЈО.