/ Прочитано:

1.146

Кривичен суд: Молбата за одлагање на извршувањето на санкцијата во предметот „Труст“ е одбиена

„Во однос на повеќе новинарски прашања доставени до Основниот кривичен суд – Скопје и во однос на предметот од Обвинителството означен како ‘Труст’, ја информираме јавноста дека молбата за одлагање на извршувањето на санкцијата е одбиена како неоснована и дека е доставена до странките во постапката“, соопштуваат од Кривичниот суд.

Во март Апелацискиот суд Скопје делумно ги уважи жалбите на обвинетите во предметот „Труст“ и ги преиначи првостепените одлуки. Апелацискиот суд на обвинетиот Сеад Кочан му ја намали казната од шест на четири години и осум месеци.

Делумно уважени жалбите во делот на казните за обвинетите во предметот „Труст“

М.В