/Прочитано:

272

Кривичен суд: Обвинителството бараше притвор за Мијалков поради сомнение за бегство

„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вчера (21.02.2021) во 15:00 часот до Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОК бр. 47/17 од обвинителството означен како Таргет-тврдина, заради постоење на сомнение за евентуално бегство.

Откако е утврдено дека надлежен за постапување по предлогот е Кривичниот совет при Oдделението за организиран криминал и корупција, а имајќи ја  предвид итноста на постапката, иако судот Законски имал рок од 24 часа да одлучува со оглед да предлогот е поднесен за време на викенд,  советот во корелација со документацијата за соменвањето за бегство приложена од обвинителството со прилог  известување доставени од Бирото за јавна безбедност при МВР, веднаш започна со постапување и  донесе решени со кое на обвинетиот му определи мерка куќен притвор со 24 часовен надзор како и видео и електронски надзор, а во 18:30 часот решението веќе беше експедирано до МВР како надлежни за понатамошно постапување.

Против ова решение странките имаат право на жалба преку овој суд до Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа.

Во однос на сите медиумски прашања, судот во текот на вчерашниот ден, имајќи ја предвид итноста на постапувањето и почитувајќи ги надлежностите на Јавниот обвинител и МВР, не ги коментираше шпекулациите и непотврдените информации во однос на постапката се со цел на наштети на истата, за што бараме разбирање од новинарите“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

МВР во потрага по Сашо Мијалков, кому му е определен куќен притвор

М.В