/ Прочитано:

1.275

КРИВИЧЕН СУД: Одземен пасошот на Горан Грујевски

Началникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, првоосомничен во предметот за уништувањето на опремата за прислушување од попладнево беше на распит кај судија на претходната постапка.

????????????????????????????????????

Судија на претходна постапка постапувајќи по предлог за определување на мерка притвор за осомничениот Г. Г., кој е опфатен во предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тврдина“, донесе решение со кое го одби предлогот на СЈО и определи мерка на претпазливост односно одземање на патна исправа, информираат од Кривичниот суд.

Началникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, првоосомничен во предметот за уништувањето на опремата за прислушување од попладнево беше на распит кај судија на претходната постапка.

Грујевски помина неколку дена во притвор и неколку дена во куќен притвор кој му беше прекинат по аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов. Ова е втор пат тој да биде сослушан пред судија на претходна постапка за случајот „Тврдина“.

Предходно, и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, исто така осомничена во случајот, беше на распит кој беше прекинат поради барање на СЈО за изземање на судијката на претходна постапка Александра Поп-Стефанија.

Судијата треба да го комплетира предметот и заедно со барањето за изземање да го даде на одлучување на претседателот на Судот кој има рок од три дена да одлучи дали ќе го прифати барањето.