/Прочитано:

1.241

КРИВИЧЕН СУД: СЈО да ги уреди предлозите за осомничените во „Тврдина“

Оттаму додаваат дека во предлозите се наведуваат кривични дела наводно сторени во периодот по 25.2.2015 година и во периодот на втората половина на 2015 година до средината на март 2016 година, а во смисла на член 2 од Законот за СЈО каде што е наведено дека „Неовластено следење на комуникации се дефинира како неовластено следење на сите комуникации извршено во периодот меѓу 2008 и 2015 година, вклучително, но не и ограничено на аудиоснимки и транскрипти поднесени до Јавното обвинителство пред 15.7.2015 година“.

Основен суд Скопје 1

Предлозите на Специјалното јавно обвинителство за осомничените во предметот „Тврдина“ не се доуредени, велат од Кривичниот суд и го повикуваат СЈО да ги уреди предлозите во рок од три дена од приемот на барањето на судијата на претходна постапка.

„Судија на претходна постапка при Основен суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) за определување мерки притвор за лицето Г.Г., како и предлог за определување мерки за претпазливост за лицата Г.Ј. Н.Б. В.С. и Т.Ј., сите опфатени во предметот на СЈО познат во јавноста како „Тврдина“, со допис се обрати до СЈО дека во предлозите против горенаведените лица не доставиле докази на кои се повикуваат на наредбата за спроведување на истражна постапка, односно докази на кои се базира основаноста на сомнението на начин што ќе биде образложено дали кривичните дела произлегуваат од конкретна содржина на незаконското следење на комуникации, за кој период и како и да ја презентираат содржината, со што би се утврдило дали предлогот за определување мерка притвор и предлогот за определување мерки за претпазиливост се поднесени од овластен тужител во смисла на член 166 од ЗКП и член 17 ст. 1 од ЗКП вв со чл. 2 и чл. 5 ст. 1 од Законот за СЈО“, велат од Судот.