/ Прочитано:

1.143

КРИВИЧЕН СУД: СЈО да се произнесе како ќе постапува во однос на предметот „Пуч“

На денешната прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство обвинителката Ленче Ристоска истакна дека не се повлечени аболициите за двајца обвинети во предметот, Соња Верушевска и Ѓорги Лазаревски, и го повикаа претседателот Ѓорге Иванов да ги повлече одлуките и за овие двајца обвинети. Дополнително, Ристоска истакна дека во поглед на предметот „Пуч“ комуникацијата со Кривичниот суд сè уште не се одвива на посакуваното ниво и покрај одлуката на Апелациониот суд дека Основниот суд Скопје 1 Скопје е должен да му ги предаде доказите на СЈО како странка во постапката.

Судење случај „Пуч“

Предметот „Пуч“ се наоѓа во Апелациониот суд, велат од Кривичниот суд. Апелација сè уште одлучува по жалбите на одбраната, која го оспори запирањето на постапката откако беше донесена одлуката за аболиција од страна на Претседателот на РМ во која беа опфатени сите петмина обвинети – поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, службеникот во Општина Струмица Бранко Палифров, лидерот на СДСМ Зоран Заев и вработениот во МВР Ѓорги Лазаревски.

На денешната прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство обвинителката Ленче Ристоска истакна дека не се повлечени аболициите за двајца обвинети во предметот, Соња Верушевска и Ѓорги Лазаревски, и го повикаа претседателот Ѓорге Иванов да ги повлече одлуките и за овие двајца обвинети. Дополнително, Ристоска истакна дека во поглед на предметот „Пуч“ комуникацијата со Кривичниот суд сè уште не се одвива на посакуваното ниво и покрај одлуката на Апелациониот суд дека Основниот суд Скопје 1 Скопје е должен да му ги предаде доказите на СЈО како странка во постапката.

Што се однесува до тврдењето на Специјалното јавно обвинителство дека во одлуката на Апелациониот суд стои обврска според која Основниот суд Скопје 1 треба да постапи во однос на барањето на СЈО за доставување на копии од доказниот материјал, од Кривичниот суд велат дека  Апелациониот суд не може да му даде обврска на Кривичниот суд да достави копии од докази од конкретен предмет бидејќи по предметите постапува судија или судечки совет кои се независни и самостојни при носењето одлуки, а повисокиот суд може само да даде упатства во врска со тоа што треба да има предвид понискиот суд при повторно одлучување.

„Сметаме дека СЈО во оваа фаза најпрво треба да преземе мерки и активности за да се произнесе дали продолжува со постапката бидејќи досега не се произнесе, а не да врши притисок на ваков начин врз Судот за тоа како треба да постапува“, велат од Кривичен.

М. С.

Обвинетите во случајот „Пуч“ и понатаму доаѓаат во Судот. Бараат судење и покрај аболицијата од Претседателот

Кривичниот суд ги прекинал постапките за „Пуч“ и „Поткуп“. Одбраната најави жалби до Апелациониот суд

Апелација ја уважила жалбата на СЈО, Кривичниот суд треба да ѝ ги даде доказите за „Пуч“ на Јанева