/ Прочитано:

1.102

КРИВИЧЕН СУД: СЈО сè уште нема доставено барање од оштетен спрема трето лице за предметот „Транспортер“

Судијата на претходна постапка побарал од СЈО да го доуреди предлогот, односно во рок од осум дена, во смисла на членот 120 ст. 1 од ЗКП, да достави барање од оштетен спрема трето лице, во согласност со законската одредба. Како што информираат од Судот денеска, сè уште не го добиле барањето.

????????????????????????????????????

Од Кривичниот суд информираат дека сè уште не добиле од Специјалното јавно обвинителство барање од оштетен спрема трето лице, во согласност со законската одредба, во врска со барањето за замрзнување на имот на осомничените во предметот „Транспортер“.

Како што веќе информиравме, Специјалното јавно обвинителство до Кривичниот суд во Скопје го поднело предлогот за определување на привремени мерки за обезбедување на имотноправното побарување против лицата осомничени во случајот „Транспортер“.

СЈО барало обезбедување на имотот на две физички лица и на четири правни лица, односно на имотот на фирмите што го организирале транспортот на ученици во Општина Битола.

Судијата на претходна постапка побарал од СЈО да го доуреди предлогот, односно во рок од осум дена, во смисла на членот 120 ст. 1 од ЗКП, да достави барање од оштетен спрема трето лице, во согласност со законската одредба. Како што информираат од Судот денеска, сè уште не го добиле барањето.

Пред една недела, од Специјалното јавно обвинителство изјавија дека е во тек постапката на утврдување на штетата од страна на Државното правобранителство како орган надлежен за заштита на имотноправните барања на државата, по што пријавената штета ќе биде доставена до Судот.

Во случајот „Транспортер“ беа опфатени 22 лица, меѓу кои како првоосомничен се јавува градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески. Според СЈО, осомничените преку склучување штетни договори злоупотребиле 360 илјади евра државни пари.

„Во интерес за надомест на штетата предизвикана со овие дејствија, што, секако, е врвен приоритет и на ова обвинителство и на сите граѓани на Република Македонија, до Судот ќе бидат поднесени предлози за изрекување на мерки против имотот на дел од осомничените и на дел од превозниците како правни лица, кои поради кривичните дела стекнале имотна корист, со конкретно барање за забрана на располагање со истиот. Конкретно, ќе биде побарана забрана за располагање со 3 стана, 8 патнички моторни возила и 33 автобуси“, беше наведено од страна на Специјалното јавно обвинителство при обелоденувањето на случајот.

СЈО најави дека такви мерки ќе бидат побарани и против имотот на градоначалникот на Општина Битола бидејќи помилувањето не ја опфаќа ниту имотната корист од кривичното дело, ниту штетата која е должен да ја надомести.

Државното правобранителство ја утврдува штетата во „Транспортер“. СЈО со предлог за конфискување на имот на осомничените