/ Прочитано:

1.215

КРИВИЧЕН СУД: Врховниот суд не ја испочитува одлуката за отстапување на големата сала за судењето „Дива Населба“

„Дополнително, веднаш по одложувањето на главната расправа, адвокатите кои се дел од постапката остварија средба со претседателот на Кривичниот суд, на која им беше образложено дека Судот ги презеде сите мерки за водење на денешната главната расправа сите обвинети беа спроведени во судската сала, беа обезбедени и дополнителни места за присуство на семејствата на обвинетите, но и ние, како Суд, бевме изненадени од известувањето на судската полиција на Врховниот суд на РМ дека не е дозволен влез во салата за бранителите на обвинетите, за претставниците на медиумите, за јавноста и за членовите на семејствата“, велат од Кривичниот суд.

1 divo nadvor

Денешната главна расправа за предметот „Дива Населба“ е одложена бидејќи од страна на судската полиција на Врховниот суд не им беше дозволен влез во судската сала на бранителите на обвинетите, на членовите на семејствата и  на јавноста, со што не беа создадени услови за одржување на расправата, велат во соопштението од Крвичниот суд.

„Судската сала во Врховниот суд на РМ со одлука на Владата на РМ од пред две недели му беше доделена на привремено користење на Кривичниот суд за потребите за водење на оваа постапка, со што беа обезбедени сите технички услови за водење на постапката, како и услови за присуство на претставниците на медиумите, на семејствата на обвинетите и на јавноста сè со цел доследно почитување на Законот, како и на транспарентноста и јавниот интерес за работата на Кривичниот суд во Скопје“, потсетуваат од Судот.

По добивање на одлуката на Владата на РМ, Основниот суд Скопје 1 – Скопје веднаш ги побара клучевите од судската сала од претседателот на Врховниот суд на РМ, така што на ден 27.5.2016 година, во присуство на Комисија од Кривичниот суд, записнички беше извршено примопредавање на судската сала, велат од Основен 1.

„По ова, истиот ден беше изготвен оперативен план за начинот на обезбедување на судскиот комплекс помеѓу Основниот суд Скопје 1 – Скопје, Апелациониот суд – Скопје и Врховниот суд, за начинот на движење на вработените и на возилата кои пристапуваат до судскиот комплекс, а воедно овој оперативен план опфаќа и начин на физичко обезбедување на самото судење со помош – асистенција, по наредба на судечкиот совет, од страна на МВР на РМ, од аспект на безбедноста. Воедно, Основниот суд Скопје 1 ја опреми салата со техника за аудио- и видеоснимање на судењето, а за тоа веднаш беа известени  претседателите на Врховниот суд на РМ, на Апелациониот суд – Скопје и на Основниот суд Скопје 2, со што овој суд  ги обезбеди сите законски претпоставки за да се одржи расправата, а на претседателите на наведените судови и на судската полиција на Врховниот суд на РМ им беше препорачано да го почитуваат донесениот оперативен план и да ѝ дадат поддршка на судската полиција на Кривичниот суд“, стои во соопштението.

Меѓутоа, ништо од наведеното не беше испочитувано од страна на Врховниот суд на РМ, додаваат од Судот.

„Дополнително, веднаш по одложувањето на главната расправа, адвокатите кои се дел од постапката остварија средба со претседателот на Кривичниот суд, на која им беше образложено дека Судот ги презеде сите мерки за водење на денешната главната расправа сите обвинети беа спроведени во судската сала, беа обезбедени и дополнителни места за присуство на семејствата на обвинетите, но и ние, како Суд, бевме изненадени од известувањето на судската полиција на Врховниот суд на РМ дека не е дозволен влез во салата за бранителите на обвинетите, за претставниците на медиумите, за јавноста и за членовите на семејствата“, велат од Кривичниот суд.

Од судот велат дека се изненадени од реакциите на реномирани правни експерти по повод доделување на салата од страна на Владата на РМ, со толкување дека Владата директно се вмешала во судското работење.

„Имено, во согласност со членот 82, вв со членот 83 од Законот за судовите, токму Министерството за правда на РМ, како дел од Владата, е надлежно за обезбедување на основни услови на судовите за реализација на судското работење, што и од нивна страна беше направено, а со преземените мерки на Основниот суд Скопје 1 – Скопје во целост беа исполнети сите предуслови за продолжување на судскиот процес во врска со настаните од кумановско „Диво Населба“, велат од Судот.

СЛУЧАЈ „ДИВА НАСЕЛБА“: Забранет влез во Врховниот суд за адвокатите и за новинарите. Судењето одложено