/ Прочитано:

913

Кривична пријава против охриѓанец кој му се заканувал на директорот на „Охридски комуналец“

Среда, 13 март 2013 – Охриѓанец заработи кривична пријава бидејќи е осомничен дека му се заканувал на Сашо Алчев, директорoт на јавното претпријатие „Охридски комуналец“.

Охридската полиција поднесе кривична пријава против лицето С.Д. (49) од Охрид, поради основани сомневања дека е сторител на казнено дело „загрозување на сигурноста“.

Како што соопшти полицијата, пријавениот на 8 овој месец во два наврата му упатил сериозни закани на Сашо Алчев (42) директор на јавното претпријатие „Охридски комуналец“ кој во својство на службено лице извршувал службени дејствија. Заканите пријавениот ги извршил најнапред телефонски јавувајќи му се на Алчев на неговиот службен мобилен телефон, изрекувајќи му низа навредливи, недолични и заканителни зборови. Таквиот телефонски разговор директорот на Комуналец го прекинал, исклучувајќи го мобилниот телефон.

Околу пладне истиот ден, пријавениот го забележал Алчев во кафе барот „Новел“ на улицата „Цар Самоил“ во Охрид. Притоа, приоѓајќи му на една од масите, пријавениот С.Д. на висок тон му се заканал дека ќе нападне врз неговиот живот и тело. Тој му упатил сериозни закани, лични навреди и со недолично однесување го повикал директорот на „Охридски комуналец“ надвор од објектот на физичка пресметка.