/ Прочитано:

904

Кривична пријава за чување и отуѓување на диво животно

„На 05.10. 2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ криминал во координација со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(31) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено ловење, чување и отуѓување на диви животни“, по член 228, став 1 од Кривичниот законик.

Имено, по претходно добиени оперативни сознанија за незаконско чување на диво животно, преземени се мерки и активности, а по добиена судска наредба извршен е претрес на три локации на подрачјето на Куманово, со С.А. е извршен службен разговор и по насока на Јавен обвинител, од страна на СВР Куманово против него е поднесена кривична пријава. Во врска со овој случај се преземаат и дополнителни активности во насока на целосно расчистување“, соопштуваат од МВР.

Во Кривичниот законик за кривичното дело „Неовластено ловење чување и отуѓување диви животни и птици’, се пропишува:

(1) Тој што неовластено лови, превезува, пренесува, прикрива, чува, одгледува, купува, продава, или на кој било начин прибавува, отуѓува или препарира диви животни и птици во поголеми количини или од поголема вредност, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

(2) Ако сторителот на делото од ставот (1) на овој член организира мрежа за извршување на делото или ако делото е сторено во состав на група или друго здружение или заради извезување на дивите животни или птици во странство, ќе се казни со затвор од една до пет години.

М.В