/ Прочитано:

3.046

Кривична пријава за лажна адвокатка која измамила граѓани

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Ј.И. (42) од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сторила три кривични дела измама.

„Во периодот од јуни до август 2017 година, пријавената, претставувајќи се како адвокат наводно вработена во адвокатска канцеларија како административен службеник, со лажно прикажување и прикривање факти, измамила лица на тој начин што лажно им ветила дека ќе им го намали данокот на промет за куќа, како и дека ќе изврши уплата за данок на имот за куќа на оштетен, а добиените парични средства за услугите ги потрошила за лична потреба, со што се стекнала со противправна имотна корист во вкупна вредност од 120.600 денари“, информираат од МВР.

М.В