Кривична пријава за оддавање на службена тајна
„ОВР Неготино во содејство со Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против С.К.(24) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „Оддавање на службена тајна“ и „Злоупотреба на службена положба и овластување“, казниви по член 360 и член .353 од Кривичниот законик. По преземени оперативни мерки и активности било утврдено дека пријавениот-вработен како полициски службеник, давал информации на криумчари на мигранти каде има полициски патроли или ако тој бил на задача свесно ги пропуштал. Тој бил лишен од слобода и предаден во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал. На С.К. му е одредена мерка притвор“, соопштуваат од МВР.