Кривична пријава за полицаец поради поради неоснована употреба на физичка сила

Денеска Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција- Одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања поднесе кривична пријава против П.Г., полициски службеник вработен во СВР Битола поради основано сомнение дека сторил кривично дело малтретирање во вршење на служба предвидено во чл. 143 од Кривичниот законик поради неоснована употреба на физичка сила врз Ј.Н. од Битола, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес конференција.

Воедно против истиот полициски службеник е поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспензија од работното место. И против полицискиот службеник К.Г. кој непосредно бил присутен на местото на настанот и не преземал мерки за спречување на неоснованата употреба на физичка сила е поведена дисциплинска постапка и е суспендиран од работното место.

„Министерството за внатрешни работи остро осудува било каков случај на насилство, особено кога тоа го направил полициски службеник и тоа строго се санкционира. Ниту еден ваков чин не може да се оправда! Министерството за внатрешни работи вложува многу во менувањето на ликот и однесувањето на полициските службеници и покажавме дека нема да дозволиме, дури и вакви изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна. Нашата цел е полиција која ќе биде во служба на граѓаните, која ќе биде во функција на нивна поголема безбедност“, рече Спасовски.

Како треба да постапуваат полициските службеници според Кодексот на полициска етика и Законот за полиција

Реакции и осуди за полициската бруталност

М.В