/ Прочитано:

862

Кривична пријава за судијa од Кочани поради несовесно работењето

Четврток, 20 декември 2012 – Полициската станица од Кочани поднесе кривична пријава против судија од Основен суд Кочани поради сомнение дека работела несовесно и не донела одлука по службена должност.

К.Д (60)  во текот на 2011 година постапувала во граѓански предмет во врска со продажба на нива. При носењето на одлуката таа постапила несовесно при што не донела одлука по службена должност туку донела пресуда со два различни рокови за правна поука и две различни потврди за извршност и благовременост во постапката, со што го оштетила С.А. Откако Апелациониот суд го вратил предметот на повторно разгледување, пријавената донела друга одлука во корист на С.А.

К.Д е избрана за судија во 1983 година, суди во Основен суд Кочани неполни 3о години.