/ Прочитано:

2.964

Кривични дела против здравјето на луѓето

Одредби од Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 37/1996, 80/1999, 4/2002, 43/2003, 19/2004, 81/2005, 60/2006, 73/2006, 7/2008, 139/2008, 114/2009, 51/2011, 135/2011, 185/2011, 142/2012, 166/2012, 55/2013, 82/2013, 14/2014, 27/2014, 28/2014, 41/2014, 115/2014, 132/2014, 160/2014, 199/2014, 196/2015, 226/2015, 97/2017 и 248/2018)

Пренесување заразна болест

Член 205

(1) Тој што со кршење на прописи или наредби со кои надлежен орган определува прегледи, дезинфекција, издвојување на болни или некои други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест со вршење на полово дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна болест, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

(2) Со казната од став 1 ќе се казни и тој што не постапува според прописите или наредбите од став 1 во поглед на сузбивањето или спречувањето на заразните болести кај животни кои можат да се пренесат на луѓето и со тоа предизвикува пренесување на заразна болест.

(3) Ако како последица од делото од став 1 е пренесена неизлечива заразна болест, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.

(4) Обидот за делото од став 1 на овој член за пренесување на неизлечлива заразна болест е казнив.

(5) Тој што ќе ја загрози сигурноста на друг со лажна закана за пренесување или со ширење на невистинити тврдења за постоење на неизлечлива заразна болест ќе се казни со парична казна или затвор до шест месеца.

(6) Тој што делото од ставовите 1 и 2 ќе го стори од небрежност, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.

(7) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

Член 206

(1) Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(2) Ако делото од овој член го стори правно лице,
ќе се казни со парична казна.

Доколку сакате да го видите целиот закон, или треба да консултирате и други прописи на оваа тема, претплатете се на www.akademika.com.mk.