/ Прочитано:

981

Кривични пријави против четворица полициски службеници за примање поткуп

Четврток, 3 јануари 2013 – Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривични пријави против четворица скопски полициски службеници за сторено кривично дело „примање поткуп“.

Станува збор за А.Б.(23) и Ф.А.(33) кои на 25-ти декември 2012 фатиле државјанин на Австрија кој направил сообраќаен прекршок кај крстосницата од булевар  „Никола Карев“ и улица „Самоилова“. Наместо да го казнат и да тие му побарале и примиле поткуп од 50 евра, овозможувајќи му да одбегне да плати глоба во износ од 300 евра.

Кривична пријава за примање поткуп добил и В.Б.(48), вработен како полициски службеник во Одделение за општи патроли-Југ при скопската полиција и неговиот колега Б.Н.(38) заради помагање при извршување на делото. Имено, на 30 ноември на плац на улица Првомајска, Ж.Н. растоварил огревни дрва. Плацот бил во сопственост на Д.Т. По кратко време дошле полицајците кои му побарале 100 евра за да не го пријават и да му ги одземат дрвата и камионот.  По ова, Ж.Н. на Д.Т. му дал 3.000 денари кои ги примил В.Б., додека Б.Н. побарал дополнително уште 1.000 денари, а потоа си заминале.