/ Прочитано:

1.206

Кривичниот совет ја одбил жалбата на СЈО и за останатите осомничени во предметот „Тврдина“

Кривичниот совет ја одби жалбата на СЈО и за поранешната министерка Гордана Јанкулоска, која исто така е осомничена во предметот и за која Обвинителството предлагаше одземање на патната исправа.

????????????????????????????????????

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалбата на Специјалното јавно обвинителство против решенијата на судијата на претходна постапка за лицата Т. Ј., Н. Б. и В. С., опфатени со предметот „Тврдина“, донесе одлука со која жалбата на СЈО се одбива како неоснована, а решенијата на судијата на претходна постапка, со кои се одби предлогот за определување мерки за претпазливост за сите три лица, се потврдуваат, велат од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Во понеделникот, судијата на претходна постапка го одби предлогот поднесен од СЈО за определување мерки за претпазливост за осомничените во предметот „Тврдина“. Предлогот содржеше определување мерки за забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Во образложенијата на одлуките на судијата на претходна постапка се наведува дека СЈО не предложило докази со кои се поткрепува предлогот за определување на предложените мерки и дека се повикало на наредбата за спроведување на истражна постапка. Понатаму се наведува дека осомничените биле сослушани во постапката и изјавиле дека не се виновни и дека нема да ја напуштат државата или да бегаат.

Кривичниот совет ја одби жалбата на СЈО и за поранешната министерка Гордана Јанкулоска, која исто така е осомничена во предметот и за која Обвинителството предлагаше одземање на патната исправа.

Првоосомничениот во предметот, Горан Грујевски, е единствениот во овој случај против кого се определени мерки за претпазливост, односно одземена му е патната исправа. СЈО предлагаше притвор за Грујевски.

Предметот „Тврдина“ се однесува на незаконското уништување на опремата за прислушување.

М. С.