/Прочитано:

1.132

Кривичниот суд: Без претходно позитивно произнесување на Собранието за имунитетот судот не може да постапува

„Собранието на Република Северна Македонија до Основниот суд Скопје 1 – Скопје во текот на вчерашниот ден достави известување дека не донел одлука за одземање на имунитетот на двајцата пратеници за кои ЈО достави предлози за определување мерка притвор, поради пробиен рок за одлучување. Известувањето од страна на надлежниот судија на претходна постапка во текот на денешниот ден ќе биде доставено до Обвинителството.

Имајќи го предвид известувањето и одредбите од ЗКП, судот не може да постапува по предлогот за определување на мерката притвор без претходно позитивно произнесување на Собранието во однос на имунитетот.

Во врска со наводите на претседателот на Собранието дека ‘Судот ќе биде одговорен за евентуално бегство на осомничените и дека Судот треба да обезбеди присуство на сите осомничени и обвинети во постапката’, ѝ појаснуваме на јавноста дека во нашата држава се применува акузаторен систем на кривично гонење според кој Обвинителството е овластен предлагач на мерките за обезбедување присуство, а Судот одлучува доколку за тоа се создадени услови, што за овој случај услов би бил одземен имунитет.

Впрочем, како што  јавноста беше известена, и во однос на првиот предмет од 01.02.2019 година, така и во вториот предмет од 20.02.2019 година кога се доставени предлози за определување мерки притвор за Љ. Д. и Т. В., кои се повикуваат на пратенички имунитет, Судот веднаш се обрати до Собранието со барање за произнесување околу нивниот имунитет.

Но, сведоци сме дека за прв пат Собранието, кое е надлежно да одлучува за имунитетот во законски утврден рок, не донесе одлуки, а со тоа го оневозможи Судот да одлучува за мерката притвор на пратениците.

Затоа, неприфатливи се изјавите дека Судот ќе биде одговорен за одолговлекување на постапката, дотолку повеќе што Судот не може своеволно и спротивно на законот да определува какви било мерки за обезбедување доколку за истото не се создадени услови.

Доколку Обвинителството поднесе нов предлог поради нови или изменети околности, Судот веднаш ќе се обрати до Собранието и доколку навремено се добие одлука од Собранието, веднаш ќе постапи“, се вели во соопштението на Судот.

Немаше услови за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски, вели претседателот на Собранието

Комисијата не зазеде став“ – целосен текст на извештајот за барањето за одобрување притвор на Трајко Вељаноски

ВЛАДАТА: Оставката на Котевски ќе се разгледува по завршување на претседателските избори

Оставка на директорот на затворот КПУ Затвор Скопје и дисциплински постапки против повеќемина вработени

„Комисијата не зазеде став“ – целосен текст на извештајот за барањето за одобрување притвор на Трајко Вељаноски

Делегацијата на ЕУ остро го осудува инцидентот во КПУ Затвор Скопје, а премиерот ја очекува оставката од директорот

Барањето за одобрување притвор на поранешниот претседател на Собранието пред Комисијата за мандатно-имунитетни прашања

Правилник за куќен ред: „При извршување на мерката притвор се чува телесното и душевното здравје на притвореното лице“

Осуди за инцидентот во КПУ Затвор Скопје

Кривичниот суд за определувањето мерка притвор за Ристовски и Јанакиески

ЈОРМ: Под истрага организаторите на настаните во Собранието

Одредбите од Уставот и Деловникот на Собранието на РМ за имунитетот на пратениците

М.В