КРИВИЧНИОТ СУД: Граѓаните кои имаат потреба од уверение од казнената или кривичната евиденција навреме да го поднесат барањето

Кривичниот суд објави соопштение во кое ги повикува граѓаните кои имаат потреба од уверение од казнената или кривичната евиденција навреме да го поднесат барањето.

„Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги известува сите граѓани дека поради предвремените парламентарни избори во Р Македонија и приливот на барања поднесени за издавање на уверенија од казнена и кривична евиденција, барањата ќе се издаваат во рок од 5 до 7 дена, зависно од обемот на работа. Затоа, уште еднаш им укажуваме на сите граѓани кои имаат потреба од уверение од казнената или кривичната евиденција, без разлика за која намена им е потребно, навреме да го поднесат барањето во Кривичниот суд во Скопје и воедно напоменуваме дека конкретните уверенија, во согласност со законските одредби,  се поднесуваат и се издаваат од странана на надлежен суд, според место на раѓање, а не според место на живеење“, се вели во соопштението на Судот.

За сите информации околу начинот на поднесување на барање, плаќање на законски утврдената такса и потребните обрасци за уверенија од казнената и кривичната евиденција за кои е надлежен Основниот суд Скопје 1 – Скопје, можете да се информирате преку веб-страницата на Судот: http://osskopje1.mk/ (корисни информации) и http://osskopje1.mk/cms/FCKEditor_Upload/soop150616.pdf.