Кривичниот суд: Изработени 3500 уверенија и потврди од кривичната и казнената евиденција во врска со локалните избори
Во однос на критиките на одредени политички субјекти објавени на социјалните мрежи, ја информираме јавноста дека одделот за Казнена евиднеција во судот постапуваше по сите барања по завршување на работното време како и во текот на викендите, пред се затоа што голем дел од кандидатите и општинските изборни единици ги доставуваа барањата по истек на рокот од 11.09.2021 година за пријавување на кандидати.
Воедно судот, за овој период, доследно ги почитуваше и роковите за прием, проверка и изработка на Уверенија и Потврди на сите граѓани чии барања не беа поврзани со изборите, па во тој правец, а воедно и согласно протоколите за заштита од Ковид – 19, како суд, уште еднаш апелираме за потребата од воведување на електронско аплицирање и издавање на уверенијата и потврдите“, се наведува во соопштението на Судот.
М.В