/ Прочитано:

643

Кривичниот суд ќе ѝ овозможи на докторката да ја образложи здравствената состојба на обвинетиот во предметот „ТНТ“

„Заради интерес на медиумите кои го следат судењето за предметот со КОК бр. 53/17, познат како ТНТ, ја информираме јавноста дека за главната расправа, насрочена на 20.1.2020 година, судот ја повика докторката професор од овластената клиника, која на обвинетиот Тони Трајковски му издаде медицинска документација дека има здравствени проблеми и не може да ја следи расправата.

Со цел утврдување на фактичката состојба, доследно почитување на правата на странките во постапката, како и јавниот интерес за предметот, судот ќе ѝ овозможи на докторката јавно да ја образложи здравствената состојба на обвинетиот и причините за неговата спреченост да присуствува на судењето, за што веќе има издадено соодветна документација“, соопштуваат од Кривичниот суд.

М.В