/ Прочитано:

1.413

Кривичниот суд: Ќе ја почитуваме одлуката на Уставниот суд за казнените адвокати, но не се согласуваме со неа

„Основниот кривичен суд Скопје, со исклучителен респект кон Уставниот суд на РСМ како орган и кон одлуките кои овој суд ги носи, има за потреба да ја извести јавноста дека не може да се согласи со одлуката У. бр. 57/2019 со која се утврдува поништување на решенијата на Основниот кривичен и на Апелациониот суд Скопје, но во целост ќе ја почитува.

Кривичниот суд го цени фактот дека одлуката на Уставниот суд на РСМ не е донесена едногласно и дека содржи и издвоени мислења на одредени уставни судии на кои мислења се приклучува. Имено, според издвоените мислења ‘Со изречените парични казни поради нарушување на редот во судот, апсолутно не е доведена во прашање повредата на правото на мислење и слободата на изразување на мислата.’ Дополнително е наведено и дека ‘Со поништување на одлуките на Кривичниот и Апелациониот суд, Уставниот суд на РСМ постапува како инстанционен суд, а таква надлежност нема’, односно Уставниот суд на РСМ нема надлежност да поништува одлуки на редовните судови“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Како што вчера објави Академик, Уставниот суд одлучи дека противуставно се казнети адвокатите во предметот „27 април“. Иницијативата до Уставниот суд беше поднесена од  адвокатите Павлина Зефиќ и Панче Тошковски.

Адвокатите беа казнети откако се пожалија на условите во кои се одвиваше распитот на загрозениот сведок во старата зграда на Кривичниот суд, каде што беше префрлен распитот поради технички пречки во новиот објект на судот.

„Во конкретниов случај, од страна на сите адвокати бил искажан револт со стоење во судницата поради немање соодветни услови за работа, во еден од највисоко профилираните кривични случаи. Имено, јасна е улогата која ја имаат адвокатите во едно демократско општество. Нивната улога е да бараат од судот, како гарант на правата и слободите, да ги спроведува законските одредби, да се грижи за владеењето на правото и да ја стекне довербата кај јавноста. Критицизам од страна на адвокатите е дозволен“, се посочува во одлуката на Уставниот суд.

Противуставно се казнети адвокатите во предметот „27 април“, одлучи Уставниот суд по инцијатива на адвокатите Зефиќ и Тошковски

Пресуда за предметот „27 април“.

ИВАНОВ: Станавме држава на слободно толкување на Уставот и законите

Соопштение на ЈОРМ во врска со пристигнатите барања за амнестија

Кривичниот суд: Барањата за амнестија се испратени на мислење кај надлежното обвинителство

Кривичниот суд: Пристигнати се вкупно 62 барања за амнестија

Законот за амнестија влезе во сила потпишан од Иванов и критикуван од експертите

Постапката за примена на Законот за амнестија за лицата против кои е во тек кривична постапка

Пратениците го изгласаа Законот за амнестија

Официјално објавен Предлог-законот за амнестија, во кој и интеграцијата во НАТО е наведена како цел

Предлог-законот за амнестија за 27 април не доби поддршка од мнозинството пратеници

Предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април на собраниска седница

МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА: Прекршувања на начелата на постапката во предметот „27 април“

Текстот на Законот за амнестија за настаните од 27 април поднесен во Собранието  на РМ

АКРМ апелира да се обезбедат потребните услови за нормално одвивање на судскиот процес за предметот „27 април

Начелото на јавност на постапката е едно од основните начела за гаранција на правото на фер судење

Кривичниот суд: Ги разбираме реакциите на одбраната поврзани со условите во кои работи судот, но условите се тие

„Не сме декор во судот“ – велат адвокатите во предметот „27 април“, кои денес беа казнети и отстранети од судница

Коалицијата „Сите за правично судење“ повторно реагира за предметот „27 април“: Загрижува ставот на Кривичниот суд

Предметот „27 април“ и маратонските рочишта во месечниот извештај за состојбата со човековите права

Кривичниот суд со соопштение за маратонските судења во предметот за 27 април

Јавна реакција на Коалицијата „Сите за правично судење“ за предметот „27ми април“: Се постапува на штета на обвинетите

Обвинетите во судскиот процес за „27 април“ не се чувствуваат виновни

Обвинетите не се терористи и предметот е политички мотивиран, велат адвокатите во воведните зборови за „27 април“

Обвиненија за настаните во Собранието

М.В