/ Прочитано:

822

Кривичниот суд: Навреме обезбедете потврда за огласот за вработување 600 полицајци

„Основниот кривичен суд – Скопје ги повикува сите граѓани родени на територијата на Град Скопје кои ќе аплицираат на огласот на Министерството за внатрешни работи за 600 полицајци навреме да поднесат барање и да обезбедат Потврда дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност, која е неопходна за аплицирање на огласот.

За добивање на наведената потврда потребно е лично вие, или друго лице со ваше полномошно заверено на нотар или адвокатско полномошно, да поднесете барање на шалтерот за Потврди/Уверенија кој се наоѓа во старата зграда на Судот, заедно со ваша лична карта или патна исправа и копија од истата и да уплатите 320 денари – буџетска такса, со картичка на ПОС-терминал или уплатница. Шалтерот работи секој работен ден од 8:00 часот до 14:30 часот со пауза од 11:00 до 11:30 часот, а потврдата се издава за три работни дена од денот на поднесување барање“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

МВР објавува оглас за вработување на 600 полицајци

М.В