/ Прочитано:

637

Кривичниот суд во врска со одложеното извршување на санкцијата за Јанкулоска

„Заради зголемен интерес на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека пресудата на Апелациониот суд – Скопје со КОКЖ 46/18 од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите означен како ‘Тенк’, со која жалбата на Г. Ј., на која ѝ се судеше во раздвоена постапка, делумно се уважува на начин што се преиначува првостепената пресуда во делот на казната, заедно со списите од предметот, е доставена до Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Со оглед да со доставата конечно се создадени услови за постапување по предметот и по претходно доставениот вонреден правен лек од страна на одбраната на обвинетиот Н. Г., предметот ‘Тенк’, заедно со списите од  раздвоената постапка, веднаш се доставени на надлежно постапување во Врховниот суд на РСМ.

Како што медиумите веќе беа информирани, како суд претходно неколку пати се обративме до Врховниот суд на РСМ со предлог да се достават фотокопии од предметот по кој постапуваше Апелациониот суд, како не би се одолговлекувала постапката, но не добивме повратен одговор.

Што се однесува до пресудата на Апелациониот суд со која делумно се уважува жалбата на Г. Ј. на начин што се преиначува само во делот на казната, истата веднаш е распоредена кај судија за извршување санкции, кој постапувајќи по барање на обвинетата донесе решение со кое се одобрува одложување на извршувањето на санкцијата до 1 јули 2019 година заради чување на дете“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Апелациониот суд ја преиначи првостепената пресуда за Јанкулоска и ја осуди на помала казна

Пресуда за Гордана Јанкулоска во предметот „Тенк“

М.В