/ Прочитано:

856

Кривичниот суд за акцијата „Агент“

Петок, 19 април 2013Основниот суд Скопје 1 излезе со соопштение во врска со акцијата на МВР „Агент“ според која шестмина се осомничени дека проневериле над 1 милион евра. 

Соопштението ви го пренесуваме интегрално:

„До Основниот суд Скопје 1 Скопје на ден 18.04.2013 година, Основното јавно обвинителство Скопје за гонење на организиран криминал и корупција поднесе барање за спроведување истрага со предлог за определување на мерка притвор КО.бр.35/2013 од 17.04.2013 година против обвинетите В.Т, М.В, В.П, С.Б, Д.Т и А.Ј, поради постоење на основано сомнение дека обвинетиот В.Т сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в ст.3 и 1 од КЗ и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.5 в.в ст.3 в.в ст.1 од КЗ, обвинетиот М.В сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 в.в ст.3 и 1 в.в со чл.24 од КЗ, а обвинетите В.П, С.Б, Д.Т, и А.Ј сториле кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.5 в.в ст.3 в.в ст.1 од КЗ.

Истражниот судија при Основниот суд Скопје I Скопје, постапувајќи по барањето за спроведување истрага со предлог за определување на мерка притвор КО.бр.35/2013 од 17.04.2013 година донесе решение КИОК.бр.26/13 од 18.04.2013 година за спроведување истрага против обвинетите В.Т, С.Б, В.П, М.В, Д.Т и А.Ј за погоре наведените кривични дела.

По извршениот распит на обвинетите истражниот судија на обвинетите В.Т, С.Б и В.П им определи мерка притвор во траење од 30 – триесет дена, а на обвинетиот Д.Т по предлог на ЈО му определи превентивна мерка да се јавува кај истражен судија и привремено од истиот се одзема патната исправа издадена од МВР на РМ односно се забранува издавање на нова патна исправа кои превентивни мерки ќе траат додека има потреба од истите, а најдолго до правосилно завршување на постапката.

Спрема двајцата обвинети М.В и А.Ј кои се недостапни на органите на прогон истражниот судија определи мерка притвор во траење од 30 дена сметано од денот на нивно пронаоѓање и лишување од слобода“, се вели во соопшетнието на судот и се напоменува дека за понатамошниот тек на постапката јавноста дополнителнo ќе биде информирана.