/ Прочитано:

1.285

Кривичниот суд за предметот „Измама на штета на средства на европската заедница“

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост, пред судија на претходна постапка денеска беа повикани да се произнесат Л.Д., за која постои основано сомнение дека го сторила кривичното дело Измама на штета на средства на Европската заедница од чл. 249 – а ст.2 в.в со ст.1 в.в чл. 22 и Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 ст.5 и ст.3 в.в. ст.1 в.в чл. 45 од КЗ и А.Г. за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело Измама на штета на средства на Европската заедница од чл. 249 – а ст.2 в.в. ст 1 в.в чл. 22

Ценејќи ги фактите и причините заради кои е поднесен предлогот судија на претходна постапка донесе решенија со кои го уважи предлогот и на Л.Д. и А.Г. им определи мерка – Одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница, Обврска за повремено јавување во судот и Забрана за вршење на одредени работни дејствија.

Претходно на 02.11.2020 година судија на претходна постапка го прифати и предлогот за определување мерки за претпазливост за З.З. опфатен во конкретната истрага.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“, се наведува во соопштението на Кривичниот суд, а  во врска со предметот за Лидија Димова и уште три лица, по поднесена кривична пријава од Управата за финансиска полиција.

Измама на штета на средства на европската заедница

„Постапувајќи по поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица. 

Три лица како соизвршители се осомничени дека сториле кривично дело Измама на штета на средства на европската заедница од член 249-а од Кривичниот законик, првоосомничената сторила и продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 и став 3 во врска со став 1, додека четвртото лице е осомничено дека сторило кривично дело Несовесно работење во служба предвидено и казниво во член 353 -а став 1 од Кривичниот законик “, посочија од Обвинителството.

Кривична пријава од Управата за финасиска полиција

„Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе  кривична пријава против :

Л. Д. во својство на  директор на Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност

З. З. во својство на  управител и сопственик на Друштво за трговија и услуги увоз-извоз В.Е.З. Трејд ДООЕЛ Скопје;

А. Г., во својство на   надворешен соработник во Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност;

А. П. во својство на  благајник во Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност

Поради постоење на основано сомнение дека пријавените сториле кривично дело ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ од член 353 став 5 вв став 1 и став 3 вв со член 45 од Кривичниот законик и кривично дело ИЗМАМА НА ШТЕТА НА СРЕДСТВА НА ЕВРОПСКАТА ЗАЕДНИЦА од член 249-а став 1 вв со член  22  од Кривичениот законик, кривично дело СОИЗВРШИТЕЛСТВО од член 22 од Кривичен законик, и кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБА од член 353-в став 1 од Кривичениот Законик.

Пријавените Л. Д. како директор на НАЕОПМ, З. З како управител и сопственик на Друштво за трговија и услуги увоз-извоз В.Е.З. Трејд ДООЕЛ Скопје,  А. Г. како надворешен соработник и А. П. како благајник на НАЕОПМ причиниле штета од големи размери на доверените средства на Европската заедница во вкупен износ од 25.334.543,00 денари“, посочија од Финансиската полиција.

М.В