/ Прочитано:

1.341

КСЗД: Барањето сертификат за примена вакцина не е дискриминација, сегрегација ниту повреда на правото на еднаквост

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација смета дека одлуката во простории каде што има повеќе од 30 луѓе да може да се влезе само со приложување сертификат за примена вакцина не претставува дискриминација, сегрегација и повреда на правото на еднаквост во смисла на Уставот на РСМ, Законот за спречување и заштита од дискриминација и меѓународните правни акти.

Вакцинацијата е граѓанска обврска за масовна имунизација и претставува неопходна мерка заради заштита на здравјето на луѓето. Оваа граѓанска обврска е регулирана со членот 39 од Уставот на Р С. Македонија, кој освен гарантирањето на право на здравствена заштита, пропишува и обврска за граѓанинот да го чува и унапредува своето здравје и здравјето на другите:

„На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита. Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.“

Уставот при неисполнување на пропишаните граѓански обврски, вклучително и обврската за унапредување на сопственото и здравјето на другите, предвидува и уставно регулирани забрани за движење, кои се предвидени во членот 27 од Уставот на Р С. Македонија, кој гласи:

„Секој граѓанин има право слободно да се движи на територијата на Републиката и слободно да го избира местото на своето живеалиште. Секој граѓанин има право да ја напушти територијата на Републиката и да се врати во Републиката. Остварувањето на овие права може да се ограничи со закон, единствено во случаите кога е тоа потребно заради заштита на безбедноста на Републиката, водење на кривична постапка или заштита на здравјето на луѓето.“

Впрочем, ограничувањето на основните човекови права и слободи во случаи кога има оправдана цел е предвидено и во сите релевантни меѓународни правни акти со кои се регулираат човековите права и слободи. Во оваа смисла ваквите рестрикции имаат оправдана цел сѐ додека не се обезбеди поширок имунитет меѓу популацијата.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација се согласува со ставот на Агенцијата за заштита на личните податоци дека визуелниот преглед на потврдата за извршена имунизација (сертификат), без да се задржуваат личните податоци, не претставува обработка на лични податоци и излегува надвор од опсегот на Законот за заштита на личните податоци, а апропо тоа, не може да претставува повреда на правото на заштита на лични податоци.

Дополнително, Комисијата апелира државата да обезбеди заштита на личните податоци, така што ќе обезбеди дека прегледите на потврдите за имунизација ќе се вршат исклучиво за медицински цели, во согласност со насоките на Комитетот за биоетика и на Комитетот за заштита на лични податоци при Советот на Европа.

За крај, Комисијата апелира сите важечки и идни мерки и алатки кои ќе се користат за ограничување на ширењето на инфекцијата, вклучително и оние за кои ќе биде потребен преглед или обработка на податоци за вакцинација или негативни тестови, да мора да ги почитуваат принципите на неопходност, пропорционалност и недискриминација.

Новите мерки на Владата за превенција и заштита од коронавирусот основа за дискриминација во остварување на човековите права и слободи

Соопштение на Владата во врска со новите рестриктивни мерки

КСЗД: Задолжителното вакцинирање на децата како услов за упис во основните училишта не претставува дискриминација

Пресудата на ЕСЧП и задолжителната вакцинација во една од одлуките на македонскиот Уставен суд

КЗД: Барањето потврда дека едно дете е вакцинирано при запишување во градинка и во училиште не е дискриминација

Правно мислење на Хелсиншкиот комитет за човекови права за најавата дека невакцинираните деца нема да се примаат во училиште

Меѓаши за вакцинацијата и Конвенцијата за правата на детето од аспект на образованието и здравствената заштита

Задолжително доставување потврди за вакцинален статус при упис во училишни и предучилишни установи

Граѓанската иницијатива за законски измени за незадолжителна вакцинација во собраниска процедура

Вакцинацијата од уставноправен аспект во една од одлуките на Уставниот суд

ГАБЕР-ДАМЈАНОВСКА ЗА ВАКЦИНИТЕ КАКО УСЛОВ ЗА ДЕТСКИ ДОДАТОК: Противуставно и прекумерно вмешување врз социјално право

Група родители со претставка за дискриминација врз основа на вакциналниот статус на децата при упис во детските градинки

По барање на родители: Стамен Филипов поднесе иницијатива до Уставен суд за укинување на задолжителните вакцини

М.В