/ Прочитано:

2.275

Кучињата не може да се третираат како децата – одлука на судот во Торонто

Според законот, кучето како животно се смета за ствар, сопственост, а според семејното право не ужива семејни права. Секоја сличност помеѓу децата и кучињата во однос на старателството и деновите за посета била веднаш отфрлена од судот. Судијата Ричард Данилијак во својата одлука напишал дека многу кучиња се третираат како дел од семејството со кое живеат, но кучето сепак е животно, а детето човек.

куче

Брачен пар од Торонто во април годинава ја завршил својата бракоразводна парница по 16 години поминати во брак без деца, со пресуда која содржела и еден интересен дел. Имено, како дополнение на разводот на бракот, мажот доставил барање до судот да одлучи дека тој може да задржи едно од двете кучиња кои биле со нив додека траел бракот.

Адвокатите на жената се спротивставиле на ова барање од мажот кој го опишале како човек кој сака мачки, што според терминологијата во психологијата значи дека овој тип луѓе имаат емоционално нестабилен карактер, често се вознемирени и се филозофски настроени и размислуваат на креативен начин.

Со ваквото дефинирање на сопругот, адвокатите на жената сакале да го предупредат судот за неговата личност, предлагајќи мажот да може да ги посетува кучињата, но тие да ѝ припаднат на жената.

Секоја сличност помеѓу децата и кучињата во однос на старателството и деновите за посета била веднаш отфрлена од судот. Судијата Ричард Данилијак во својата одлука напишал дека многу кучиња се третираат како дел од семејството со кое живеат, но кучето сепак е животно, а детето човек.

Според законот, кучето како животно се смета за ствар, сопственост, а според семејното право не ужива семејни права.

Иако судијата понатаму вели дека домашните миленици можат да се разликуваат од другиот подвижен имот поради тоа што имаат емоции, имаат потреба од нега, заштита, лекување и сл., сепак во овој случај мора да се повлече линија и да се направи разлика помеѓу старателството над децата и над животните.

Како поента на својата одлука судијата ги наведува разликите во однос на тоа како општеството гледа на децата, а како на животните, конкретно во Канада каде што децата се растат, се воспитуваат, се образуваат, се учат на општествените норми, стапуваат во односи со други луѓе, додека за кучињата не може да се каже истото.

Откако се случил разводот помеѓу брачните партнери, двете кучиња Кенија и Вили останале да живеат со родителите на жената и судот одлучил засега ситуацијата да остане таква.

На крајот од одлуката судијата Данилијак вели дека ова е еден смешен пример за спор помеѓу луѓето за кој морал да донесе невообичаена одлука.