/ Прочитано:

1.271

Куќен притвор за Камчев и Панделески, известува Апелациониот суд

„Апелациониот суд Скопје известува дека, по повлекување на предлогот за одржување јавна седница од страна на обвинетите, на нејавна седница на ден 27.12.2018 година, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје донесе одлуки со кои се укинува мерката притвор против обвинетите Ј.К. од С. и обвинетиот Ц.П. од С.

Истовремено,  со решение на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје КСЖ-844/18 од 27.12.2018 година против обвинетиот Ј.К. од С. е определена мерка куќен притвор.

Со решение на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје КСЖ-865/18 од 27.12.2018 година против обвинетиот Ц.П. од С. е определена мерка куќен притвор.

Вака донесените одлуки ќе бидат објавени во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите“, се вели во соопштението на Судот.

Соопштение на СЈО поврзано со случајот „Империја

СЈО: Отворена нова истрага „Империја“