/ Прочитано:

1.849

КУКУШ: Скопски бизнисмен уапсен со непријавени 10 илјади евра

Понеделник, 24 март 2014 – Грчката полиција во Кукуш открила непријавени десетина илјади евра, кај 46 годишен државјанин на Македонија, чиј идентитет се’ уште не се открива.

За македонскиот државјанин се вели дека е бизнисмен од Скопје, кај кого се најдени и фалсификувани сметки за купена стока во Грција. Полицијата од Кукуш извести дека во предистражна постапка скопјанецот изјавил дека тргнал кон Солун да купи производи кои ги нема во неговата држава.  При личниот претрес, полицајците кај него откриле голема сума на девизи, претежно во апоени од 20, 50 и 100 евра, а истражителите се сомневаат дека тој сакал да прикаже во Скопје дека потрошил многу пари во Грција, и за тоа да добие повраток на средства од државата. Вчера вечер осомничениот дал исказ пред Јавниот обвинител на Кукуш кој му одредил притвор, а парите се запленети. Во Солун ќе се вештачат фалсификуваните сметки за да се утврди од каде се земени и за каква цел. Грчката полиција истражува дали осомничениот и претходно го имал направено истото дело, и дали имал помош од некој грчки државјанин.